НАТО започна вежба во Балтичкото Море, учествуваат и Шведска и Финска

од Stefanija Kuzmanovska

Во неделата, НАТО започна поморска вежба во Балтичкото Море, која ќе трае речиси две недели и во која ќе учествуваат повеќе од 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји, како и земји кои аплицирале за членство во Алијансата, Шведска и Финска.

Годишната поморска вежба BALTOPS 22, започната од 1972 година, не беше одржана како одговор на конкретна закана, но според АП, Организацијата на Северноатлантскиот договор соопшти дека „со Шведска и Финска, НАТО ја користи шансата да ја зголеми отпорноста и силата во непредвидливиот свет“.

Американскиот генерал Марк Мили, командант на Здружените сили на САД, рече дека е важно САД и другите земји од НАТО да покажат солидарност со Финска и Шведска за време на вежбата.

Слични содржини