Натпартиски мегафон

од desk4

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Слика број 1: Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Гордана Силјановска-Давкова на собир на десничарските европски партии во Брисел заедно со лидерот на партијата Христијан Мицкоски зад таблата на која пишува ВМРО-ДПМНЕ.

Слика број 2: Кандидатот на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски навива на фудбал во друштво на генералниот секретар на партијата Александар Кирацовски.

Што бара професорката што самата се промовира, а партијата што ја кандидира уште повеќе инсистира на тоа дека е „натпартиски“ кандидат, на партиски собир? И како тоа „натпартискиот“ кандидат оди на фудбал со шефот на изборниот штаб кој му го одредила партијата што го кандидирала? На фудбал се оди со другарчиња, не со партиски другари.

Митот за „натпартизмот“ е измислен од ВМРО-ДПМНЕ, за новово раководство да го обели образот за криминалите и злосторствата што ги правеа Груевски и дружината. Професорката Силјановска-Давкова може колку сака да се претставува за „ натпартиска“, но што фајде кога самата е кандидат на партија што не само што не се извинила за злосторствата што ги правела во минатото, туку не покажува ни свест дека тоа биле криминали. Почни од нелегалното прислушување, заврши со нападот на Собранието на 27 април 2017. За кражбите што се правеле во меѓувреме, да не отвараме муабет.

„Како тргнавте со апсењата, ќе нема политичари во опозицијата“, ќе напише професорката по право за апсењето на поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски. Самата знае дека лаже. Оти Стевчо не е уапсен затоа што како лидер на ГРОМ е во опозиција, туку затоа што како градоначалник ја злоупотребувал својата служба. Толку бил моќен, што дури и фирмата преку која се злоупотребувале општински пари се викала „ГРОМ промет“.

Само професорката си знае зошто прифатила преку неа да се обелува образот на нереформираната партија, која уште е извалкана од злото што го правела 11 години. Јасно е дека ќе го брани и Стевчо ако треба, а ќе ги брани и сите за кои ќе ѝ кажат во партијата. И така, професорката стана уште еден мeгафон на почесниот азилант од Будимпешта. Оти, тука не ни беа доволно гласни мегафоните Мицкоски, Игор Јанушев и друштвото во Белиот дворец. Па ни фалеше уште еден – натпартиски мегафон.

Целата колумна на СДК на следниот линк.

Слични содржини