Натпревар за историја: Рекордна победа на Шкупи од 37:0!

од Nikola Popovski

Футсал тимот на Шкупи, вечерва испиша историја, бидејќи со неверојатни 37:0 го победи тимот на Кратово во рамките на 13.коло во Првата футсал лига на Македонија. Најефикасен поединец на мечот во салата „Енвер Идризи“ бил поранешниот македонски репрезентативец Зоран Левески со дури 15 голови.

Фаворитот на денешниот натпревар, покажа дека нема милост против помалку квалитетните тимови, па голот на кратовци бил буквално изрешетан.

Ова е најголемиот триумф на еден тим во историјата на футсал шампионатот, а претходниот рекорд во македонското првенство го држел тимот на Гемиџии, кој победил со 34-3 во сезоната 2010/11 против тимот на Илинден.

 

loading...

Слични содржини