Натпреварувач ја запали главата на Сајмон Кауел на талент шоу: „Публиката и жирито вриштеа“

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот претприемач и судија на натпреварот „Britain’s Got Talent“ доживеа незгода на снимањето.

Наводно, еден натпреварувач му ја запалил главата на Сајмон Кауел за време на аудиција за популарниот натпревар.

Имено, тоа бил магионичарски трик.

Кауел бил донесен на сцената со качулка, а магионичарот останал маскиран во текот на целата претстава.

Потоа истурил течност над качулката која се наоѓала на главата на Сајмон и ставил кутија на главата која била отворена напред за публиката да може да види што се случува.

Магионичарот потоа го спушти пламенот во кутијата и главата на Кауел се запалила, шокирајќи ги другите судии и публиката.

„Публиката врескаше, другите членови на жирито врескаа надвор од своите места, сите беа целосно шокирани. Пламенот беше изгаснат, а Сајмон изгледаше запрепастен, додека другите членови на жирито здивнаа кога тој се врати на своето место“, изјавил посматрач на сетот, пренесува „Мирор“.

Слични содржини