„Националистичките проекти немаат иднина на Балканот“

од Vladimir Zorba

Претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за агенцијата „Танјуг” нагласува дека секогаш кога ќе затаи Европа, кога не го испорачува тоа што го ветила, се појавуваат националистички, етноцентристички проекти на Балканот и дека тоа било и во минатото така и сега.

„Јас тврдам дека децата на многу луѓе што загинаа во војните на Балканите сега се возрасни луѓе, интелектуалци, и тие ја носат својата загуба внатре и сметам дека мнозинството од нив гледаат кон иднината, кон заедништвото, кон соработката. Не ни треба нови непријателства, национализми или етноцентризми. Наспроти нон пејперите кои поттикнуваат такви визии, јас верувам дека можеме да го направиме заеднички Балканот заедница каква што е денеска мултиетничка Северна Македонија. Во еден период заедно сите ќе влеземе во ЕУ. Ние имаме што да ѝ дадеме на ЕУ и јас многу верувам во тоа”, порачува премиерот Заев во интервјуто за „Танјуг”.

Тој во продолжение истакнува дека радикалните национализми во Северна Македонија, кои што порано ги имаше многу, сега исчезнуваат. Партии кои се залагаат за Илирида не можат да добијат ни претседател на месен одбор, а не советник или градоначалник на избори.

„Немаат поддршка ваквите проекти затоа што денеска нема непријателство помеѓу Македонците и Албанците, и меѓу сите други во земјата. Ние сме пример на соживот и верувам дека на ова како на модел ќе се гледа со сѐ поголемо одобрување”, вели премиерот Заев за „Танјуг”.

Слични содржини