Националниот координатор за здравство, Гоце Чакаровски си поднел оставка

од Aleksandar Petrovski

Националниот координатор за здравство во Владата, Гоце Чакаровски, си поднел оставка од функцијата, а како што е наведено во решението кое било донесено на владината седница одржана на 22 мај, поранешниот заменик-министер за здравство сам побарал да биде разрешен.

Функцијата на Чакаровски ќе заврши на 31 мај, а решението е веќе објавено во Службен весник.

Инаку, тој беше заменик за здравство до јуни 2018 година, а потоа стана Национален координатор за здравство како дел од владината реконструкција.

Слични содржини