Националните театри на С. Македонија, Србија и Албанија потпишаа протокол за соработка

од Берта Китинска

Претставници на националните театри на Северна Македонија, Србија и Албанија денеска во Владата на Србија потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“.

Договорот, кој беше инициран на неодамнешниот форум „Отворен Балкан“ во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград Светислав Буле Гончиќ, директорот на Националната опера и балет од Скопје, Васо Ристов и Абигејл Воштина од Народен театар за опера и балет од Тирана, а потоа ќе го потпише претставникот на Македонскиот народен театар Симона Угриновска.

На потпишувањето на договорот присуствуваше и помошникот за современо творештво во Министерството за култура на Србија, Радован Јокиќ, кој истакна дека „ништо не може да одговори на меѓусебното разбирање како културната соработка, а денес културата е потребна повеќе од кога било“.

Слични содржини