Научете правилно да јадете: 5 принципи на здравата исхрана

од Elena Daskalova

Ако сте одлучиле да воведете нов начин на исхрана, тоа не можете да го направите од денеска за утре, туку мора промените да ги воведувате постепено.

Притоа, треба да ги почитувате следниве пет принципи на здравата исхрана:

1. Секое утро пијте топла вода со лимонов сок – ова ќе го разбуди вашето тело, ќе го активира дигестивниот систем и ќе ви помогне побрзо да се ослободите од токсините во телото.

2. Еден оброк дневно без животински протеини и скроб – ова значи дека барем еднаш во денот, во еден оброк (најдобро вечерата) не треба да имате месо, млечни производи, брашно, компир, ориз, житарици и мешунки.

3. Избегнувајте рафинирани производи – наместо бел, јадете кафеав ориз, пченичното брашно заменете го со хељдино или ‘ржано, а обичниот шеќер заменете го со кафеав од шеќерна трска или со мед.

4. Овошјето јадете го пред оброк – најдобро е да го јадете како ужина меѓу појадокот и ручекот или меѓу ручекот и вечерата, како и да оставите 2-3 часа организмот да го испроцесира.

5. Зеленчукова салата пред ручек и вечера – пред ручекот и вечерата изедете малку салата од зеленчуци кои содржат ензими и растителни влакна кои го подобруваат варењето, зелена салата, морков, зелка, цвекло…

Слични содржини