Научни работници: Унилатералната Декларација за македонскиот јазик е груб фалсификат

од Nikola Popovski

По повод објавената Унилатерална изјава на РС Македонија од 19 јули во врска со македонскиот јазик, научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Македонскиот славистички комитет наведуваат дека претставува „грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик“.

-Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој многувековен просторен и временски континуитет во составот на големата група словенски јазици, со посебно место во рамки на групата на јужнословенски јазици (источна група). Освен тоа, македонскиот јазик, со оглед на богатите меѓујазични и меѓукултурни контакти со другите балкански јазици, има стекнато и специфична балканска димензија на својата структура, се посочува во објавата.

Научниците потенцираат дека нема да прифатат ниту една одлука со која се оспорува самобитноста на македонскиот народ и неговиот самостоен историски развој како посебен европски народ од средновековието до денес и ќе го сметаат за нелегитимен секој политички договор кој е во спротивност со востановените научни сознанија за македонскиот јазик и културниот идентитет на домашните и на меѓународните организации, сојузи и институции и со универзалните повелби и конвенции.

-Ние, како научни работници, потврдуваме дека, како и досега, и во иднина ќе се раководиме според меѓународно прифатените научни сознанија за македонскиот јазик во историски и во современ контекст. Се повикуваме и на Европската повелба на фундаментални/основни права чиј чл. 22 гласи: „Унијата ќе ја почитува културната, религиозната и јазичната разноликост.“ Сметаме дека при сите разговори што ги опфаќаат јазичните и идентитетските прашања секоја земја членка на ЕУ мора да ја почитува оваа европска определба, стои меѓу другото во објавата на македонските научници.

Македонија достави еднострана изјава за јазикот до ЕУ, која ќе биде приложена кон записникот од Првата политичка меѓувладина конференција одржана вчера, откако претходно тоа го направи Бугарија.

Во унилатералната декларација се наведува дека, како што е пропишано со Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се официјален јазик на РСМ низ целата земја и во нејзините меѓународни односи.

„При склучување на какви било договори, договори и документи на Република Северна Македонија со Европската Унија кои содржат јазична одредба со името на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтек, тие треба да бидат потпишан на македонски јазик без никакви објаснувања, дополнувања или фусноти“, стои во Декларацијата за јазикот.

Слични содржини