Научници: Apple Watch открива проблеми со срцето

од Vlatko K

Неколку случаи со паметниот часовник на Apple го привлекоа вниманието неодамна. Смартвочот
помогна за спасување на човечки живот, но Watch се етаблира и како алатка за следење на
здравствените индикатори, дури и за дијагностицирање на проблеми со срцето.

Уште кон крајот на 2017 година стана познато дека Apple одржува големо истражување на
можностите на Watch заедно со научници од Универзитетот Стенфорд, во кое учествуваат над 400
илјади луѓе од сите држави во САД. Студијата траеше 8 месеци и резултатите сега станаа достапни
за пошироката јавност.

Излегува дека Apple Watch навистина е способен да детектира некои нарушувања во работата на
срцето, и поконкретно – атријална фибрилација. За време на тестовите, 0,5% од учесниците, или
околу 2.000 луѓе, добија предупредување дека можеби имаат проблеми со срцето.

По детално истражување, беше откриено дека во 71% од случаите, паметниот часовник на Apple
бил во право во проценката за проблем со срцето. Една третина од луѓето кои го добиле
предупредувањето биле дијагностицирани со атријална фибрилација.

Истражувањето докажува дека Apple Watch може да се користи како дополнително средство за
следење на состојбата на срцето. Се разбира, часовникот не може целосно да ги замени
медицинските помагала, но сигнализира дека е потребен преглед.

Слични содржини