Научници открија колку долго короната може да преживее во вода

од Vladimir Zorba

Речиси сите честички од коронавирусот (90 проценти) умираат во вода на собна температура во рок од 24 часа, додека 99,9 проценти умираат во рок од 72 часа, соопшти прес-службата на руската Федералната служба за фитосанитарна супервизија (Роспотребнадзор), цитирана од „Спутник“.

Истражувањето за можноста на вирусот да преживее во вода го спроведоа научници во центарот „Вектор“ на Роспотребнадзор. Откриле дека коронавирусот не се размножува во свежа и солена вода, но може да преживее во неа. Во исто време, времето на нејзино деактивирање директно зависи од температурата на водата.

Роспотребнадзор прецизираше дека вирусот е нестабилен при промена на температурата и истакна дека вриењето веднаш го убива.

Во почетокот на март, Светската здравствена организација го прогласи избувнувањето на новиот коронавирус за пандемија.

До денес, над 16,5 милиони луѓе се заразени ширум светот, а повеќе 650.000 луѓе починале.

Слични содржини