Научници открија колку секс е доволно во врската

од Stefanija Kuzmanovska

Едно од прашањата што ги мачи паровите е – дали имаат доволно секс? Односно, дали имаат секс повеќе или помалку од другите парови и колку секс е всушност „нормално“?

За среќа на сите вас кои размислувате на ова прашање, постојат научници кои решија да го истражат и тоа. Така, една студија објавена во 2015 година во списанието Social Psychological and Personality Science покажа дека кога паровите имаат секс отприлика еднаш неделно, личната среќа и среќата во врската почнуваат да се изедначуваат.

Ејми Муиз, научничка која работела на студијата, за Huffington Post изјави дека тоа е добро потсетување за паровите дека не мора да чувствуваат притисок да исполнат одреден „број“ кога станува збор за зачестеноста на сексот.

„Општо е важно да се одржува сексуална врска со партнерот, но исто така е важно да имате реални очекувања за нечиј сексуален живот, со оглед на тоа што многу парови се зафатени со работа и одговорности. Нашето истражување сугерира дека редовниот секс е поврзан со среќата во врската , но не е потребно толку често да тежиме кон сексот“, објасни таа.

Три студии

За да открие дали најсреќните парови се оние кои имаат најмногу секс, Муиз спровела три студии.

Првиот, кој исто така користеше претходни податоци од 23-годишно истражување со повеќе од 25.000 испитаници, покажа дека повеќе секс е поврзано со повисоки нивоа на среќа, но само додека фреквенцијата на секс е околу еднаш неделно. Ова се однесуваше само на луѓето во врски, а не на самците.

Втората, во која Муиз анкетираше 335 етнички различни учесници во онлајн анкета, ги потврди резултатите од првото истражување, а третата, во која беа вклучени 2.400 брачни парови во период од 14 години, покажа дека сексот е поврзан со нивото на среќа, но само додека зачестеноста изнесуваше, исто така, еднаш неделно.

Слични содржини