Научници откриле зошто некои луѓе пијат повеќе од другите

од Vladimir Zorba

Сите имаме пријатели кои не можат да се контролираат кога станува збор за алкохол.

Додека на некои им е повеќе од доволна една чаша вино на вечера, на други им е потребно цело шише.

Новите истражувања откриваат дека постои научна причина зошто некои пијат без мерка и зошто други немаат проблем да сопрат по само неколку чаши.

Сето тоа се сведува до личноста на одреден човек. Невролозите од универзитетот Вандербилт и Институтот Салк набудувале мозоци на глувци, откако биле изложени на алкохол, откако успеале да предвидат кои глувци ќе продолжат да пијат без да застанат, а кои не.

Научниците идентификуваа три вида на алкохоличари – лесни, тешки и манични пијачи, пренесува metro.co.uk.

Според студијата, неконтролираните пијачи се оние кои продолжуваат да пијат и покрај негативните ефекти.

Научниците открија дека постои специфична верига во мозокот која симулира или отфрла „казнени сигнали“ додека пиеме.

Глувчето, идентификувано како пијач без мерка, добило помалку вакви сигнали од мозокот додека консумира алкохол, што значи дека поверојатно е да се развие тенденција за непрестано пиење.

Глувците чии мозоци симулираат „казна“, со помала веројатност ќе развијат такво однесување во подоцнежна фаза.

Оваа верига служи како биомаркер за развој на неконтролирано пиење и мотор за негово изразување, се вели во студијата.

„Таа може двонасочно да го контролира наметливото однесување, откако омекнува или имитира казнени сигнали“, се посочува во неа.

Благодарение на овие откритија, научниците можеле точно да предвидат со кое темпо ќе пијат глувците уште од самиот почеток на студијата.

Според студијата, скоро 1/3 од возрасните пијат без мерка кога станува збор за алкохол.

Научниците се надеваат дека нивните откритија можат да ги постават темелите на нови начини за борба против алкохолизмот во иднина.

Слични содржини