Научници создале тест за Ковид-19 кој е многу точен, неинвазивен и готов за 5 минути

од Vladimir Zorba

Како да се тестираат голем број луѓе на КОВИД-19, за тестовите да бидат точни, прецизни и што е најважно брзо завршени? Група научници смислиле тест со дишење и издишување кој може да открие инфекција со вирусот SARS-CoV-2 за само пет минути.

Тестотот е најмногу сличен на тестирањето на алкохол со полициски уред. Лицето дува воздух во посебна цевка која е поврзана со сензор кој ги мери испарливите органски соединенија во здивот, кои се карактеристични за лице заразено со коронавирус. Интересно е што на овој начин е можно да се откријат луѓе кои се заразени, но немаат никакви симптоми.

Во една студија објавена во ACS Nano, тие објаснија дека нивниот уред користи чип со три SERS сензори во сребрени нано цевки. Пациентот треба само да вдишува и издишува во цевката 10 секунди за сензорот да го открие вирусот.

Соединенијата откриени од сензорот во здивот се анализираат со пренослив Раман спектрометар кој има 3,8 отсто лажни негативни и само 0,1 отсто лажни позитиви. Целиот процес заедно со печатењето на резултатите се прави за помалку од пет минути.

Авторите на студијата се надеваат дека ваквите уреди и тестови би можеле целосно да ги заменат PCR и BAT тестовите на места каде што е неопходно да се тестираат повеќе луѓе за кратко време и на тој начин да се спречи ширењето на коронавирусот.

Слични содржини