Научниците ја испитуваат ефективноста на антипаразитскиот лек Иверметкин кај коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Универзитетот во Оксфорд објави дека го тестира антипаразитниот лек „Ивермектин“ како средство во лекувањето на короната, како дел од студија поддржана од британската влада.

Научниците од Оксфорд соопштија дека „Ивермектин“ во лабораториски услови резултирал со намалување на репликацијата на вирусот, а мал примерок покажал дека давањето на лекот може да го намали присуството на вирусот и времетраењето на симптомите кај некои пациенти со лесна форма на корона, пренесува „Ројтерс“ .

Под називот „ПРИНЦИП“, британската студија чија цел е да им помогне на пациентите да се опорават во ванболнички услови, покажа во јануари дека антибиотиците азитромицин и доксициклин се генерално неефикасни против коронавирусот во раната фаза.

Иако Светската здравствена организација и европските и американските регулатори препорачуваат „Ивермектин“ да не се користи кај пациенти со ковид, тој е вклучен во протоколите за лекување на болеста во некои земји, вклучително и во Индија.

Слични содржини