Научниците објаснуваат како коронавирусот влијае врз вашето срце

од Nikola Popovski

Коронавирусот може да има негативен ефект врз работата на срцето, тврдат американски научници чие истражување е објавено на порталот „Медикал експрес“.

Експерти од Фондот за медицинско образование и истражување „Мејо“ забележале дека намалувањето на срцевата функција е забележано во потешките фази на болеста. Кај голем број на пациенти, овие промени се должат на воспаление, а кај други пациенти како резултат на присуството на КОВИД-19 во срцевиот мускул.

Според истражувачите, кај заразените лица има два проблеми поврзани со кардиоваскуларната функција: срцева слабост и аритмија. Може да биде предизвикана од несакани ефекти на лековите, земени за лекување на инфекцијата со коронавирус.

Научниците сè уште не се во можност да најдат точни податоци за тоа дали слични препарати можат да предизвикаат негативно влијание врз срцето и препорачуваат пациентите да продолжат со земањето лековите, освен ако нивниот лекар не им каже поинаку.

Пандемијата на коронавирус

На 11 март, Светската здравствена организација ја објави епидемијата на нова инфекцијата вирусот КОВИД-19 за пандемија.

Во светски рамки, повеќе од 1,5 милиони луѓе се разболеле од новиот коронавирус, повеќе од 88.000 починале, а околу 330.000 се излечени, според сајтот „Wordlometers“.

 

Слични содржини