Научниците открија: Губењето на чувството за мирис е најчестиот симптом на коронавирус

од Nikola Popovski

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон заклучиле дека најочигледен симптом на коронавирусот е губењето на чувството за мирис, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на студија.

Според британската студија, како што објави Ројтерс, загубата на сетилото за мирис е забележана кај скоро 60 проценти од пациентите за кои е утврдено дека се позитивни за Ковид-19 и кај 18%, чиј тест за коронавирус бил негативен.

„Според нашите податоци, а во комбинација со други симптоми, кај лицата кои го изгубиле чувството за мирис, веројатноста дека се позитивни на„ Ковид-19 “е три пати поголема, па затоа е потребно да се самоизолираат седум дена за да се намали ширењето на инфекцијата”, изјави професорот од лондоскиот колеџ, Тим Спектор. Според агенцијата, ваквиот мониторинг ги натерал научниците да заклучат дека губењето на чувството за мирис, наместо висока температура, е најистакнатиот симптом на инфекција со вирусот.

Според Ројтерс, научниците понатаму развиле модел кој ни овозможува да утврдиме, врз основа на тоа кои комбинации на симптоми, поточно може да се предвиди дека некое лице е заразено со Ковид-19. Овие симптоми вклучуваат губење на мирис и вкус, треска, сува кашлица, малаксаност, дијареја, болки во стомакот и губење на апетит.

Обрнете внимание и на очите

Според Ројтерс, дека заразените со „Ковид-19“ ја губат можноста да детектираат мириси, научниците објавија кон крајот на март.

Во исто време, според мислењето на експертите од Британското здружение за отоларингологија, овој симптом може да биде и индикација за инфекција на некој вид на коронален вирус, освен САРС-КоВ-2О.

Научниците советуваат дека треба да се посвети внимание и на очите. Американски експерти објасниле дека иритацијата на очите и непријатната сензација можат да бидат знак на воспалителен процес во организмот предизвикан од коронавирусот.

Според најновите податоци, во моментов има 874.607 пациенти со коронавирус, 184.952 излечени, а 43.430 починати.

Слични содржини