Научниците откриваат зошто младите умираат од коронавирус: Знаете ли што е цитокин бура?

од Aleksandar Petrovski

Некои типови на луѓе имаат поголема веројатност да умрат ако се заразат со коронавирус, а покрај хроничните болни, оние над 80 години се наведени како најризична група. Ковид-19 може да биде фатален за нив, пишува британскиот Сан.

Коронавирус

Меѓутоа, ако ги разгледаме случаите на заболени пациенти ширум светот, ќе откриеме дека голем број на млади умираат од новиот коронавирус, и покрај тоа што претходно биле целосно здрави.

13-годишно момче, Исмаил Мохамед Абдулвахаб, кое беше позитивно на коронавирусот, почина во Лондон, соопшти болницата Кингс колеџ.

Млад италијанец, Лук Ди Никола (19), со потекло од Нерето во провинцијата Терамо, почина во Лондон од последици на коронавирус. Лук починал во британската престолнина од пневмонија, половина час откако бил примен во болницата.

Ниту една жртва не страдала од други болести.

Истражувањето на Империал колеџ во Лондон покажува дека стапката на смртност предизвикана од вирусот корона е скоро 10 пати поголема кај луѓето над 80 години и пониска за оние под 40 години.

Меѓутоа, додека смртноста е ретка кај младите луѓе, и кај нив е помала веројатност да имаат потешки симптоми на болеста, мора да бидеме свесни дека не се имуни на Ковид-19.

Истражувачите од колеџот објаснија дека во просек 0,03 отсто од луѓето под 30 години ќе умрат од коронавирус, наспроти 9,3 отсто заболени кои имаат над 80 години. Тоа покажува дека секое лице е подложно на вирусот.

„Нашата порака е дека младите, здрави луѓе умираат од оваа инфекција“, изјави Пол Хантер, професор по медицина на Универзитетот во Источна Англија (УЕА).

Друга студија сугерира дека децата не се толку имуни како што се сметаше претходно.

Американската академија за педијатрија (ААП) спроведе студија со која се следи здравствената состојба на повеќе од 2.000 пациенти под 18-годишна возраст, кога откри дека 10,6 проценти од новороденчињата имаат „тешки и критични“ симптоми.

Експертите веруваат дека младите луѓе се наоѓаат во критична состојба заради т.н. “бура на цитокини” – сериозна имунолошка реакција во која телото произведува имунолошки клетки и протеини кои можат да уништат други органи.
Оваа состојба е поретка кај постарите пациенти, иако може да влијае на која било возрасна група.

Некои експерти веруваат дека симптомите на ненадејно губење на сетилата за вкус и мирис може да бидат почести кај помладите луѓе.

„Младите пациенти обично ги немаат главните симптоми на коронавирус, како што се кашлица и треска, но може да дојде до губење на чувството за мирис и вкус, што укажува дека овие вируси престојуваат во носот“, вели професорот Нирмал Кумар, претседател на ЕНТ, за Скај њуз.

Сепак, според најновите упатства на Светската здравствена организација, секој со треска и постојана кашлица треба да се изолира за седум дена.

Постарите лица треба да бидат во куќна изолација 12 недели за да се намали ризикот од инфекција со коронавирус.

Слични содржини