НАУЧНИЦИТЕ ВО ШОК: Короната уништи проблематична болест!

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на лица заразени со грип годинава се намали за 98 проценти ширум светот, уништувајќи го стравот од „твиндемија“, вкрстување на грипот и коронавирусот.

Иако нема масовно тестирање за грип како за коронавирус, Светската здравствена организација наведува дека податоците ширум светот покажуваат драстично опаѓање на заболените од грип ширум светот, пишува Питер Ендрус, генетичар и научен новинар во авторски текст за РТ.

Како пример ја наведува Австралија, каде што е забележан само еден случај од јули, кога земјата го достигна врвот на сезоната на грип. Слично е во многу земји, каде грипот целосно исчезна на јужната хемисфера, иако тоа беше неговата сезона.

Погрешна класификација

Ендрус тврди дека постојат три можни сценарија зошто е тоа така.

„Првото е дека грипот исчезна бидејќи лекарите и научниците погрешно ги класифицираа другите респираторни заболувања како ковид-19. Сепак, таквата теорија во моментов се третира слично како и онаа дека Земјата е рамна“, рече тој.

Не може и едното и другото.

Второто е дека ковид го „задуши“ грипот

„Се чини дека не можете да бидете болни од два вируса истовремено. Неодамнешното истражување на Универзитетот Јеил вели дека од 13.000 пациенти третирани од респираторни заболувања, никој немал вирус што предизвикува настинка и вирус што предизвикува грип истовремено. Дури е утврдено дека ткивото на белите дробови, кое било изложено на вируси кои предизвикуваат настинки, е отпорно на вирусот на грип“, пишува Ендрус.

Научниците се спротивставуваат на оваа теорија, вели Ендрус, бидејќи повеќе од една петтина од популацијата не била изложена на ковид-19, така што сите други би можеле да бидат соодветни за да заболат од грип.

„Меѓутоа, ако не се во право и ако ковид е многу пораспростанет отколку што се мислеше, „задушувањето“ на вирусот е релевантна теорија за тоа зошто нема грип. Иако останува прашањето зошто вирусот САРС КоВ-2 го „надјача“ вирусот на грип, пишува овој генетичар и новинар.

Фала им на заштитните маски

„Третата можност е објаснувањето дадено од научниците, дека мерките воведени како резултат на пандемијата на коронавирусот, како што се носење маски, физичко дистанцирање и карантин, исто така, спречуваат грип. Како и да е, тогаш останува прашањето – зошто овие мерки работат толку добро против грипот, а коронавирусот се шири со голема брзина“, наведува Ендрус.

Тој додава дека поборниците на оваа теорија имаат објаснување дека луѓето со ковид се позаразни од оние со грип, бидејќи короната има подолг период на инкубација и едно лице заразено со неа може да зарази повеќе луѓе отколку лице кое има грип.

„Дури и ако сето ова е вистина, останува неодговорено прашањето зошто грипот скоро целосно исчезна“, вели Ендрус.

Слични содржини