Научно потврдено: Вакцината „Фајзер“ спречува ширење на вирусот

од Берта Китинска

Вакцината  против ковид-19 на „Фајзер“ во голема мера го намалува преносот на вирусот, откриле две израелски студии, одговорајќи на едно од најголемите прашања што ги придружуваат глобалните напори да се стави крај на пандемијата.

Анализата на податоците во студијата на израелското Министерство за здравство и компанијата Фајзер открива дека вакцината развиена со германски БиоНТек ја намалува инфекцијата, вклучително и асимптоматски случаи, за 89,4 проценти, а во симптоматски случаи за 93,7 проценти, пренесува Гардијан.

Наодите од студијата, која сè уште не е разгледана, но се заснова на национална база на податоци што е една од најнапредните во светот, за првпат објави израелскиот весник Инет доцна синоќа

Посебно истражување на израелскиот медицински центар Шеба, објавено денес во медицинското списание „Лансет“, откри дека меѓу 7,214 болнички персонал кои ја добиле првата доза во јануари, имало 85 проценти намалување на симптомите на ковид-19 во рок од 15 до 28 дена.

Потребни се повеќе истражувања за да се дојде до конечен заклучок, но овие студии се меѓу првите кои сугерираат дека вакцината може да го запре ширењето на коронавирусот, не само да ги спречи луѓето да се разболат.

Слични содржини