Наумче Мојсоски претседател на комисијата за спорт на СДСМ

од Aleksandar Todeski

Ракометарот Наумче Мојсоски е избран за претседател на комисијата за спорт на СДСМ на денешната седница на Централниот одбор.

Претходно, социјалдемократите го избраа партискиот генерален секретар, Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб, како предлог на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

Од владејачката партија најавуваат соопштение по завршувањето на Централниот одбор, кој се уште трае во партиското седиште на Бихаќка.

Слични содржини