Со денешната аукција на државни хартии од вредност, јавниот долг на РМ достигна нов рекорден износ. Долгот што треба да го враќаат граѓаните сега изнесува речиси 4 милијарди и 300 милиони евра.

Со само 4 одржани аукции на државни хартии од вредност, над 15% од дефицитот за 2016 година е веќе реализиран.

kire-naumov

На денешната аукција министерот Ставрески запиша 15.627 милиони евра, а за враќање доспеваа само 7.07 милиони евра, односно запиша 8.56 милиони евра нов нето долг.

И каматните стапки на дел од запишаните хартии од вредност се повисоки од претходно одржаните аукции.

Бугарските камионџии солидарни со грчките земјоделци против политичарите, и тие ја блокираа границата

Министерот Ставрески за незаконски закажаната аукција од минатата недела, наместо да одговори на моето писмено барање и да ја достави целокупната документација, одговорноста ја префрли на Секторот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг.

Го повикувам Управниот суд на РМ да се произнесе по тужбата која ја поднесов на 22 декември 2015, против одлуката на Државната изборна комисија.

Ова неконтролирано задолжување на товар на граѓаните и идните генерации, единствено во функција на предизборниот период, мора да престане.
Интегрален текст од соопштение на доп.зам. министер за финансии Кире Наумов

Слични содржини