Наумовска: Добивме потврда, ВМРО-ДПМНЕ свесно злоупотребува ученици и родители заради партиски цели

од Nikola Popovski

„Информациите дека Драгана Спасевска, предводничката на групата „Учебници и настава мора да има“ која се спротивставува на реформите во образованието е исткнат член на ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека зад бојкотот на наставата стои партијата предводена од Христијан Мицкоски“, изјави Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование на СДСМ.

Според неа, со ова се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ свесно злоупотребува ученици и родители заради партиски цели.

„Апелираме до учениците и нивните родители, да не дозволат да бидат манипулирани и злоупотребени за партиски цели на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Бојкот на наставата е на штета на учениците кои губат од воспитно образовниот процес. Случувањата после најавените реформи во образованието се само еден од повеќето мали пожари што ВМРО-ДПМНЕ ги потпалува за да создава тензии во општеството“, вели Наумовска.

Слични содржини