Наумовска: Матурата започнува од 29-ти мај, излеговме во пресрет на барањата на матурантите

од Nikola Popovski

Откако мнозинството матуранти објавија дека ќе ја бојкотираат наставата, Елизабета Наумовска, директор на Државен испитен центар, изјави дека излегле во пресрет на барањата и дека министерката донела скратени испитни програми.

„Комисиите си ги селектираа прашањата и сега тие тестови веќе треба да се печатат. Учениците имаа рок до 31 декември да аплицираат, дали ќе полагаат државна или училишна матура, односно завршен испит. Имаме информации дека околу 14-15.000 матуранти веќе регуларно си се пријавија за полагање државна матура. Значи дека останатите кои не сакаат да продолжат во високото образование имаат се уште можност да бираат училишна матура или завршен испит. Матурата започнува од 29 мај“, вели Наумовска.

Средношколците до сега беа поделени, дел бараа целосно укинување на државната матура, а друг дел сакаат модификации на содржината за матурата. Голем број од средношколците се согласуваат со овие барања.

„Утре мнозинството, матурантите ќе ја бојкотираат наставата. не сакаме да направиме протест, затоа што во време на пандемијата треба да сме одговорни. Барањата не се да се укине матурата, туку модификација по пример со образованието во Франција, намалување на бројот предмети, наместо 4 на 2 предмети“, вели Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколци во Студио 10 на ТВ24.

Слични содржини