Наумовска: Наставниот кадар нема мотивација за пишување учебници

од Nikola Popovski

Проблем е што ние во Македонија немаме доволно мотивација на наставен кадар да пишуваат учебници. Мотивацијата ја гледаат преку парите. Ја повикувам наставната фела да работат на квалитетни учебници, вели Елизабета Наумовска од Државниот испитен центар.

Директорката не оправдува парите да бидат единствената мотивација за пишување учебници.

-Учебниците во гимназија се од 2002 година. Јас физика предавам и велам дека науката и технологијата отиде многу напред, а учениците уште учат по застарени информации. Кембриџ учениците се многу лошо преведени со грешки од стручна терминологија, кажа Наумовска во емисијата „24 анализа“.

Таа додава дека многу кратки се конкурсите за пишување учебници.

-Треба многу повеќе време за квалитетен учебник. Учебник не се пишува во два-три месеци, рече Наумовска.

Слични содржини