Науновски: Мицкоски и моменталното раководство се минато свршено време за ВМРО ДПМНЕ

Во своето гостување во 24 анализа, професорот и политички аналитичар, Тони Науновски изрази жалење за многуте случувања на како што вели, штета на суверена Македонија, и оттаму го оправда своето отсуство од медиумите.

„Мицкоски и моменталното раководство треба да се именуваат во минато свршено време. Со закажувањето на конгресот, треба така да се обраќа кон ова раководство на ВМРО ДПМНЕ. Во овие неколку години се случија многу драстично погрешни политики, кои немаат врска со матрицата и идеологијата на ВМРО ДПМНЕ, и затоа овој конгрес е важен да се одбере раководство, кое ќе може да го акумулира повторно македонскиот државен интерес. Се помалку е важно што зборуваат Мицкоски и луѓето околу него. Конгресот е закажан, такашто важно е да се анализира зошто дојде до тоа. Ова беше крајно време, конгресот да се случи. Луѓето сфатија дека низата порази кои ги доживеа Мицкоски, се поразителни и за народот и за партијата. Прашањето е дали Мицкоски ќе биде доволно паметен и ќе го почитува мнозинството, и мирно на демократски начин ќе ги предаде печатите“, истакна Науновски.

Слични содржини