Рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални го објавил првиот пост на својот блог по излегувањето од кома, во кој тој побарал да му се врати облеката што ја носел во авионот, во моментот кога му се слошило, бидејќи, како што вели, тие претставуваат важни материјални докази.

„Пред да им биде дозволено да ме однесат во Германија, ми ја соблекоа целата облека и ме испратија целосно гол“, напишал тој и инсистирал да открие што се случило со неговите работи.

Навални тврди дека неговата облека е важен материјален доказ.

„Истече законски пропишаниот 30-дневен преглед пред истекот на истрагата. Барам облеката внимателно да се спакува во торба со целофан и да ми се врати“, напишал опозиционерот.

Откако му се слоши на летот во Русија на 20 август, Алексеј Навални беше примен во болница во Берлин, каде сè уште се опоравува од последиците од труењето со овој нервен отров. Токсиколошките крвни тестови на рускиот опозициски лидер, спроведени во германската воена лабораторија обезбедија „непобитни докази“ дека тој бил отруен од Новичок.

Москва продолжува да ја исклучува таквата можност, и покрај заклучоците и доказите на научниците од германските, француските и шведските лаборатории.

Слични содржини