Навални го тужел затворот затоа што не го добил Куранот

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави денес дека го тужел затворот затоа што не го добил Куранот кој го барал на почетокот на Рамазанскиот пост.

„Кој би можел да помисли дека првата тужба против колонијата ќе биде поради Куран?“, наведе на Инстаграм Навални, кој од 31 март штрајкува со глад поради лошите услови во затворот.

Според него, книгите кои ги донел кога дошол во затворската колонија на почетокот на март сè уште не му биле предадени затоа што требаки да бидат „проверени поради екстремизам“, а тоа е постапка која трае три месеци.

„Дали ќе проверите дали е Куранот екстремистички? Тоа е глупаво и незаконско“, изјави тој и додаде дека „затоа испратил барање до директорот и поднел тужба“.

Критикуван поради расистички ставови во текот на 2000-тите и за учество во екстремно десничарски демонстрации, Навални рече дека одлучил „детално да го проучи и разбере Куранот во затвор“.

„Сите околу мене постојано разговараат за исламот и муслиманите и секако 99 проценти од нив не знаат ништо за тоа. Но, решив дека ќе станам шампион за Куранот меѓу руските немуслимански политичари“, напиша Навални.

Слични содржини