Навални осуден на три и пол години затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Условната казна на рускиот опозиционер Алексеј Навални во случајот со проневера на Ив Роше е изменета на 3 години и 6 месеци зад решетки, јавува Тас од судницата.

„Судот пресуди во корист на (руската) Федерална казнено-поправна служба за промена на условната казна на А. Навални. Му беше одреден притвор пред да стапи во сила пресудата“, ја објави одлуката судијката Наталија Репњикова.

Според претходните тврдења на руските власти, Навални и неговиот брат финансиски ја оштетиле компанијата Ив Роше, за што добиле условни затворски казни од три и пол години.

Иако казната истече во декември 2020 година, ФСИН сега го обвини Навални за кршење на условната казна и побара таа да биде заменета со затворска казна, пренесува Танјуг.

Слични содржини