НАВАЛНИ ПУШТЕН ОД БОЛНИЦА: Се опоравил, но се стравува од долгорочни последици од наводното труење

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ја напушти берлинската болница каде се лекуваше откако на 20 август, наводно, беше отруен со нервниот агенс „новичок“.

Веста ја потврди болницата „Шарита“ на својот профил на Твитер.

Навални се лекуваше 32 дена, а германската болница соопшти дека иако е можно целосно закрепнување, се стравува од долгорочни последици од труењето.

Да потсетиме, Навални му се слоши во авион во Русија минатиот месец, а подоцна беше пренесен во болница во Берлин. Иако првично се сметаше дека е отруен на аеродромот, најверојатно со чајот кој го испил, неговиот тим смета дека сè започнало во хотелот во Томск.

 

Слични содржини