Навални трајно префрлен во самица

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој одлежува затворска казна од единаесет и пол години, рече дека е трајно префрлен во самица.

Навални, исто така, наведе дека неговите права за посета се ограничени, објави денеска Би-Би-Си.

Тој изјавил дека потегот се случил само четири дена пред планираната посета на неговото семејство и дека целта била да го замолчат.

На својот Инстаграм профил со помош на своите адвокати напишал дека неколку пати бил во самица, но најдолгата била 15 дена.

Навални беше осуден на затвор по низа обвиненија, вклучително и измама и непочитување на судот, за кои рече дека се измислени, објави Би-Би-Си. Тој беше приведен во казнена колонија на 250 километри источно од Москва, а уапсен е во јануари 2021 година по враќањето во Русија од Германија, каде, како што потсетува Би-Би-Си, се лекуваше по труењето со нервен агенс, за што го обвини руските власти.

Навални беше најостриот опозициски критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

Слични содржини