Навикнавме да ја гледаме во женствени улоги, но некои може да доживеат траума поради ова

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската актерка Ен Хатавеј ќе влезе во историјата на филмот како актерка со една од најстрашните трансформации, благодарение на улогата на вештерка во римејкот на The Witches од 1990 година.

Ен, која обожавателите се навикнати да ја гледаат во понежни и поженствени улоги, ги шокираше обожавателите споделувајќи со нив неколку сцени од новиот филм што ги остави без зборови.

„Што некогаш ти направила вештерка?“, напиша Ен заедно со видеото што го објави.

Филмот The Witches е базиран на романот на Роалд Дал од 1983 година, а станува збор за приказна за момче и неговата баба и нивната борба против вештерка која сака сите деца во еден хотел да ги претвори во глувци.

Заедно со Ен, во филмот играат одличните Октавија Спенсер, Стенли Тучи, Моргана Робинсон, Јахзир Бруно и Крис Рок а треба да започне со прикажување во САД на 22-ри октомври.

Слични содржини