Навивач на Федерер го провоцираше Ѓоковиќ за време на меч, Ноле му одговори со бакнеж (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ лесно ја надмина првата пречка на Отвореното првенство на Франција, каде го совлада Швеѓанецот Микаел Имер со 6:0, 6:2, 6:3.

Новак повеќе или помалку немаше проблеми со противникот, дури и во третиот сет, кога претрпе брејк во првата половина и му дозволи на ривалот да израмни на 3:3.

Во седмиот гем од последниот дел од играта, Новак имаше вербална расправа со некој од публиката, а откако го доби гемот, тој му испрати бакнеж на еден навивач кој, како што рече странски коментатор, имал маичка со обележјата на Роџер Федерер.

Освен тоа, кога седна на клупата, српскиот тенисер рече:

– Мене најде да ме за*баваш.

„Интересен момент на теренот. Откако изгуби поен, Ѓоковиќ остро погледна во насока на публиката. Потоа го доби гемот и саркастично испрати бакнеж до навивач кој според коментаторот изгледа како навивач на Федерер судејќи според маичката што ја носи”, напиша индискиот новинар Рохан Алварез на Твитер.

Слични содржини