Навивачи договораат напади врз Англичани за време на Светското во Русија

од Vladimir Zorba

Светските фудбалски форуми тврдат дека е одржан онлајн „состанок“ на водачи на навивачки групи за организирање напад врз Англичани за време на Светското првенство во 2018 година, пишува „Sun“.

Руските ултраси дури и отпатуваа во Буенос Аирес за да разговараат за плановите со нивните аргентински колеги, додава весникот.

Според таблоидот, една причина за подготовката е напад кој датира од Евро 2016. Како што е познато, во Марсеј имаше сериозни судири меѓу руските и англиските навивачи на улиците и на стадионот. Двете групи создадоа многу проблеми за полицијата.

Слични содржини