Навивачите на Барселона направија шоу пред хотелот на ПСЖ со цел да не ги остават фудбалерите да спијат (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Можеби не можат да дадат поддршка на стадионот, но навивачите на Барселона сепак одлучија на некој начин да му помогнат на својот клуб пред првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

Имено, тие отидоа пред хотелот во соседството на шампионите на Франција и доцна во ноќта испукаа огномет со цел да не им дозволат на фудбалерите на ПСЖ да се наспијат.

Да потсетиме, навивачите го пречекаа „на нож“ претседателот на „светците“, Насер Ал Келаифи, во понеделникот и по тој повод сочно го навредуваа, сето тоа поради фактот што ПСЖ е заинтересиран за Лионел Меси веќе неколку месеци.

Слични содржини