Навивачите на Звезда бесни поради лицето кое упати навреди кон Ибрахимовиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Навивачите на Црвена звезда имаа уште една волшебна европска вечер, бидејќи Маракана остана „неосвоена тврдина“ и за великанот Милан, кој имаше водство од 2: 1, играч повеќе во завршницата, но Милан Павков постигна гол во 93-та минута за 2: 2 и остави надеж пред реваншот на Сан Сиро.

Сепак, еден неубав момент им го расипа впечатокот на многу обожаватели на Звезда. Станува збор за навредата на Златан Ибрахимовиќ од лице кое некако се најде во новинарска ложа, во која имаше неколку лица кои не беа новинари или сниматели.

Навивачите на Звезда се згрозени од извиците кои Ибрахимовиќ ги слушна од лицето. Дури и на Твитер, каде првично се појави видеото, многумина се спротивставија и истакнаа дека тоа е срамота.

Искрените навивачи на Звезда се бесни, многумина не можеле ниту искрено да го прослават добриот резултат против Милан, затоа што имале горчлив вкус во устата поради овој непријатен настан.

Слични содржини