Навивачка страст: Од куќата во Петриња што се уривала, го спасил само грбот на Ливерпул

од Nikola Popovski

Инженер по радиологија Бруно Лукачевиќ од Петриња неодамна зел заем и ги искористи тие пари за реновирање на станот.

За жал, целото добро што го стори било уништено од разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер минатиот вторник и сега Бруно, голем навивач на Ливерпул, е бездомник.

„Само сакав да го земам тој грб“

Единствено што спасил од станот кој започнал да се руши бил грбот на клубот од „Енфилд“.

„После земјотресот, сè што можев да мислам беше како ќе упаднам во станот, да земам неколку неопходни рабои со рака и ова знаме што беше на посебно место во станот. Тоа значи многу за мене, како и за навивачите на Ливерпул ширум свето“, изјавил тој за РТЛ и продолжи:

„Тоа беше стресен момент, знаев дека немам многу време да земам многу работи од станот. Во моментот сум сместен со моето семејство во еден стан во Загреб, кој ми го дадоа колегите од работа“.

Како стрес повеќе, Лукачевиќ работи на клиниката за инфективни болести „Фран Михаљевиќ“ во Загреб, односно директно со заразените од КОВИД-19. Навивачите на Ливерпул од Хрватска веќе се организираа, и најавија дека ќе контактираат со поранешните „црвени“, Дејан Ловрен и Игор Бишќан за да му се помогне на Лукачевиќ.

Слични содржини