Навреме отворени гласачките места во Вевчани

од desk2

Трите гласачки места во општина Вевчани се отворени утрово во 7 часот, потврди претседателката на Општинската изборна комисија Параскева Гогоска – Кукоска. 

Право на глас имаат 2.038 вевчанци, кои денеска ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕИ и НАТО, со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.

– Гласањето тече добро, без никакви проблеми. Не очекувам нарушувања ниту во текот на денот, изјави Гогоска – Кукоска.

Слични содржини