Навремено откриени девет пожари во Охрид

од Берта Китинска

На подрачјето на СВР Охрид, навремено се забележани девет пожари кои се појавиле во шумски подрачја и со брза интервенција на надлежните служби, тие се локализирани и спречено е нивното понатамошно ширење.

-Заради поефикасна борба, СВР-Охрид ги вклучи и сите други расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем, велат од СВР Охрид.

Слични содржини