НБА играч родум од Охрид ужива со „Миљацка“ и „Македонско девојче“ во кафеана (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Турскиот НБА кошаркар, Џеди Осман се одмара со семејството во Македонија.

Осман е играч на Кливленд Кавалирс од 2017 година и своевремено имаше статус на еден од најталентираните играчи на генерацијата.

Кошаркарот родум од Охрид, покрај македонски јазик, знае и малку српски, бидејќи мајка му е со потекло од Нови Пазар.

Неговата вереница, убавата актерка Ебру Шаин, сподели видео од охридска кафеана во кое Џеди го пее познатиот хит „Миљацка“ од Халид Бешлиќ.

Подоцна се слушнала и „Македонско девојче“, а турскиот крилен играч покажал дека знае да ужива.

Слични содржини