НБА има нов крал во забивање (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Донован Мичел од тимот на Јута Џез победи на натпреварот за забивање, дел од ОлСтар викендот во НБА). Во финалето, дебитантот во лигата го победи Лари Нанс помладиот од тимот на Кливленд со 98-96, а во најважниот обид го повтори забивањето од 360 степени на Винс Картер од турнирот пред 18 години.

„Ја сакав навистина многу победата. Тоа е едно од моите најомилени натпреварувања од ОлСтар викендот и тешко ми е да поверувам дека не само што учествував во него, но и го освоив“, рече Мичел по крајот.

Кратко пред последната серија на Мичел, Нанс освои 50 поени од неговиот обид и остана многу блиски до победата, која неговиот татко ја забележа пред 34 години.

„Уште додека растев, јас се справував многу добро со забивањето. Не бев многу силен во самата игра, туку само забивав и играв во одбрана. Гледав многу видеа со настапите на Винс и ретко пропуштав негов натпревар. Посебно ова забивање не сум го правел половина година, и се обидов ова утро, но не успеав“, објасни Нанс.

Претходно Девин Букер од Феникс победи на турнирот за тројки со рекордни 28 поени во финалниот круг, каде го победи шампионот од 2016-та година Клеј Томпсон од Голден Стејт и Тобајас Харис од Лос Анџелес Клиперс.

Слични содржини