НБА ја менува „Спалдинг“ топката по 38 години

од Vladimir Zorba

Натпреварите во НБА лига од сезоната 2021/2022 ќе се играат со нови топки.

Договорот меѓу НБА и компанијата „Спалдинг“ ќе биде раскинат затоа што најсилната кошаркарска лига во светот одлучи да се префрли на „Вилсон“.

Така топките на „Вилсон“ ќе удираат на паркетот за време на јубилејната 75-та сезона во НБА.

Интересно е што „Спалдинг“ е официјален спонзор на НБА-лигата од 1983 година, а пред тоа „Вилсон“ беше 37 години.

„Вилсон“ ќе има време да претстави нова топка за нешто повеќе од една година.

Слични содржини