НБА: Портланд пред елиминација, Дејвис игра во животна форма

од desk2

Уште една НБА вечер е зад нас во која се одиграа три натпревари од плејоф разигрувањето. Во Западната конференција полека се дефинираат фаворитите и станува јасно кои тимови ќе се сретнат во следната рунда.

Екипата на Њу Орлеанс Пеликанс на домашен терен го совлада тимот на Портланд Трејл Блејзерс со резултат 119:102.

Ентони Дејвис и Никола Миротиќ се покажуваат како голема напаст за тимот на Портланд Трејл Блејзерс, а вчера тие заедно постигнаа 58 поени за да донесат трета победа во серијата за Пеликанс. Посебно импресивен во оваа плејоф пресметка е Ентони Дејвис, кој вчера забележа 28 поени и 11 скока и уште еднаш покажа дека игра во животна форма. Од голема помош беше и Ражон Рондо, забележувајќи 16 поени и 11 скока.

Нешто подобра партија од минатата имаше дуото од бековската линија на Трејл Блејзерс, составено од Демијан Лилард и Си Џеј Меккалум. Лилард постигна 20, а Меккалум имаше 22 поени, но и двајцата шутираа неефикасно од поле, па затоа бројките сепак не отскокнуваат толку. Тимот на Портланд Трејл Блејзерс е пред елиминација и во следниот меч тие ќе пробаат ако ништо друго, барем да ја продолжат серијата, иако тоа ќе биде многу тешко со оглед на тоа дека следниот натпревар се игра во Њу Орлеанс.

https://www.youtube.com/watch?v=HAPgj2FgfWk

Останати резултати:

Мајами Хит – Филаделфија Сиксерс 108:128

Сан Антонио Спарс – Голден Стејт Вориорс 97:110

Слични содржини