НБА шампион со Лејкерси зеде калашников и замина да ја брани Украина

од Nikola Popovski

Станислав Медведенко, попознат како Слава Медведенко, беше меѓу многуте познати Украинци кои го напуштија својот вообичаен (нормален) живот во последните месеци и замиаа да ја бранат својата земја од руската агресија.

Овој поранешен кошаркар, кој шест години играше за Лос Анџелес Лејкерс и освои две титули во НБА лигата во генерацијата на Коби Брајант, се приклучи кон одбраната на својата земја.

Вооружен со АК-47 (Калашников), тој разговарал со новинарите од „The ​​Athletic“, давајќи им увид во ситуацијата во украинскиот главен град Киев.

„Војната е време да отворите нешто различно во себе. Можете ли да замислите? Само седнете на контролен пункт и голема ракета како лета над вас. Ова е како во кино и ми се чини дека Русите се повеќе сфаќаат дека не можат да го скршат нашиот систем за противвоздушна одбрана“, рече Медведенко.

Поранешниот украински центар  висок 208 сантиметри изјави и дека е свесен дека не е доволно да и помогне на својата земја само со пукање во калашников и соодветно најави ќе ги продаде своите два шампионски прстени.

„Веќе продадов маици, дресови и патики од тие денови“, информира Медведенко.

Слични содржини