НБА: Уште 9 кошаркари позитивни на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Расте бројот на заразените со коронавирус во САД, а расте и бројот на заразени НБА кошаркари.


Кога на 23 јуни беа објавени првите резултати од тестирањето на играчите, беше соопштено дека коронавирусот е пронајден во примероците на 16 кошаркари. Новите резултати кои пристигнале денеска покажаа дека се заразени уште деветмина.

Па така сега се вкупно 25 кошаркари од 351 тестирани, а кон нив може да се додадат и десет заразени членови на стручните штабови на тимовите.

Сите ќе мора да поминат 14 дена во изолација, па дури кога новиот тест ќе покаже дека е негативни, тие ќе можат да се приклучат на екипите и тренизните.

Слични содржини