Не би било разумно да се блокираме самите себе во било која фаза, вели Маричиќ за уставните измени

од Nikola Popovski

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во изјава за „Канал 5“, дадена веднаш по завршувањето на состанокот за отпочнување на скрининг процесот во Брисел изјави дека денес ги почнуваме официјално преговорите и дека сите лаги на опозицијата и на останатите паѓаат во вода, бидејќи и дека преводот се одвивал на македонски јазик.

Вицепремиерот информира дека периодот на скрининг од 14 до 16 месеци дава доволно простор за отвoрање на процес на дијалог во Собранието за уставните измени.

ислам дека во процесот на скрининг ќе можат да се вклучат сите, да видат како тече. Ќе ги извадиме оние клучни документи, патокази за владеење на право, за реформи во јавната администрација, за демократски институции, акцискиот план за малцинства за да се увери јавноста и пратениците дека таму нема ништо спорно ниту ќе има нешто страшно. И на тој начин во еден дијалог да дојдеме до 2/3 мнозинство за промена на Уставот, истакна Маричиќ.

Според вицепремиерот Маричиќ јасно е дека доколку тоа не го направиме нема да можеме да одиме во следната фаза, бидејќи сега по отворањето на преговорите веќе е прашањето кој е за, а кој е против ЕУ, односно кој е за продолжување, а кој е за нивно запирање.

-Скринингот мораме да го поминеме. Доколку успееме во 2/3 мнозинство, продолжуваме со Втората меѓувладина конференција, со што се отвора патот за Поглавјата. Сите се свесни. Исполнети се сите услови. Не би било разумно да се блокираме самите себе во било која фаза, додаде Маричиќ.

Слични содржини