Не е предвидено награда од 15.000 денари за полицајците со ребалансот на буџетот, вели Ангеловска

од Vladimir Zorba

Предлогот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев за парична награда од 15.000 денари за полицајците не е во склоп со барањето за ребаланс на буџетот.

– Предлогот не кореспондира со барањето на склопениот ребаланс пред два дена. Јас кажав дека Владата ќе се труди да најде начин сите кои заслужиле да ги награди и кажав дека во првите редови после здравствените работници, се и полицијата и армијата, пожарникарите и сите кои пожртвувано работат и дадоа максимум во справување со криза, рече Ангеловска.

Слични содржини