Не е првоаприлска шега: Затвор до 5 години за сите што користат шеги за коронавирусот

од Nikola Popovski

Одредени држави, како Индија и Тајланд, се заканија со затвор за сите оние кои се шегуваат со коронавирусот и кои би можеле да го излажат дел од населението во времето на пандемијата, соопшти агенциите.

Тајланд вчера објави дека авторите на првоаприлските шеги во врска со коронавирусот би можеле да се соочат со затвор до пет години, а во Индија, одделот за компјутерска безбедност на Махараштра објави дека ќе го гони секој што шири лажни вести на 1 април.

Исто така, Гугл, познат по шегите за први април, ја напушти таа традиција заради пандемијата на коронавирусот, од кој досега починаa околу 40.000 луѓе.

Слични содржини