Не е само Австралија: Покрената е уште една истрага против Ѓоковиќ

од Nikola Popovski

Во исчекување на разврската на ситуацијата во Австралија, Новак Ѓоковиќ се најде во уште еден проблем кој може да прерасне во сериозен скандал.

Пред да дојде во Мелбурн, Ѓоковиќ престојуваше во Србија, од каде замина во Шпанија, да ја усоврши формата во Марбела пред да замине за Дубаи, а потоа до крајната дестинација Мелбурн.

Тоа може да биде сериозен проблем за првиот светски рекет.

Имено, според важечките прописи во Шпанија, на територијата на оваа земја можат да влезат само жителите на Србија кои ја примиле вакцината.

Бидејќи Ѓоковиќ не е во таа група, порталот „Кадено Копе“ пренесува дека започнале истрага во Шпанија за неговото влегување.

Иако влезот е дозволен со потврда за медицинско ослободување, проблем се информациите до кои стигнаа шпанските медиуми, според кои Новак наводно не добил „зелено светло“ за влез во земјава од шпанската амбасада или некој друг државен орган во оваа земја.

Слични содржини