Не е вистина дека откази се делат на синдикални лидери, велат од Влада

од Берта Китинска

Владата соопшти дека го почитува основното право на синдикалното организирање и правото на протест, вклучително и вчерашниот протест на Конфедерацијата на слободни синдикати. Но, оттаму велат дека јавноста треба да знае дека ништо од она што било изнесено за време на протестот, а и во медиумските настапи на дел од синдикалното лидерство, ниту најмалку не одговара на реалноста и на мерките и политиките што актуелната Влада ги донесе и ги спроведува во интерес на работниците.

„ Во сите мерки на Владата за ублажување и за елиминирање на социјално-економските последици од пандемијата, на прво место без исклучок беа работниците и зачувувањето на работните места. Не е вистина дека откази се делат на синдикални лидери. Тоа го правеше Владата предводена од 11-годишниот режим, а денес доколку некој прекрши законски одредби кои ги штитат работниците ќе одговара пред судот на правдата. Во таа насока ако пораката на Конфедерацијата на слободни синдикати порачува дека се претерало, тогаш – да, оваа Влада ќе продолжи да „претерува“ со почитувањето и обезбедувањето на работничките права и со социјално-економска поддршка на работниците“ соопшти Владата.

Слични содржини